Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

За АФПЗРР

На 11 Јуни 2007 година, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за основање Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел поуспешна реализација на мерките на земјоделската политика и политиката на руралниот развој во Република Македонија. Со тоа се овозможува ефикасно управување со финансиските средства како од Буџетот на Република Македонија, така и со средствата од претпристапната помош на Европската Унија наменети за руралниот развој.

Надлежности  на Агенцијата:

извршување на мерките за директните плаќања во земјоделството;

интервенции на пазарот на земјоделски производи;

имплементација на производните квоти;

извршување на мерките за рурален развој;

реализација на средствата од претпристапната помош на Европската унија за рурален развој;

спроведување на мерките на државна помош во земјоделството;

Работи на Агенцијата:

Прием, евиденција и обработка на барања за финансиска поддршка;

Одобрување на исплата на средства;

Организирање на финансиски и сметководствени работи;

Внатрешна ревизија;

Организирање, спроведување и координирање на административните и технички контроли и контролите на лице место;

Прибирање и обработка на податоци;

Водење бази на податоци и регистри;

Подготовка на извештаи и анализи;

За вршење на работите Агенцијата ги спроведува следните постапки:

Објавување на огласи и критериуми за доделување на финансиска поддршка;

Одобрување на финансиски средства во согласност со критериумите;

Склучување на договори за финансиска поддршка со корисниците;

Вршење на исплати;

Вршење на контрола на терен пред и по одобрување на барањето;

Одобрување на прифатливи финансиските расходи на барателите пред исплата на финансиските средства

Следење на реализацијата на проектот;

Водење на постапки против корисници кои ги искористиле финансиските средства спротивно на договорот;