Пеце Стојковски

Директор

м-р Пеце Стојковски

М-р Пеце Стојковски е директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, на која функција стапува во септември 2024 година. Роден е на 17 август 1983 година во Битола.

Образованието го започнува во ССС гимназија “Јосип Броз Тито” во Битола, каде што учи од 1998 до 2002 година. Високото образование го продолжува на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, каде што дипломира како економист во 2006 година. Потоа, од 2008 до 2014 година, ги продолжува своите студии на постдипломско ниво и се стекнува со титула Магистер на науки по јавна администрација на истиот универзитет, преку Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи (ФАМИС).

М-р Пеце Стојковски течно зборува англиски јазик на ниво C1.

Својата професионална кариера ја започнува во 2007 година како сметководител на ФАМИС – Битола, каде работи до 2009 година. Од 2009 до 2014 година, напредува на позицијата раководител на сметководство во истата институција. Во периодот од 2014 до 2019 година, ја врши функцијата раководител на сметководство на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола. Од 2019 година па сè до неговото именување за директор во 2024 година, Стојковски е раководител на одделението за финансиско, сметководствено и материјално работење во истиот факултет.

Покрај неговата стручна работа, активно учествува и во општествени активности. Во 2015 и 2016 година е член на надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП Македонија пат – Скопје, а во 2016 и 2017 година ја презема улогата на претседател на истиот одбор. Во периодот од 2021 до 2024 година, е претседател на управниот одбор на ЈКП „Водовод“ – Битола.

Стојковски поседува одлични компјутерски вештини, особено со Microsoft Office алатките – Word, Excel и PowerPoint.

Тој има значајно искуство и со имплементација на домашни и меѓународни проекти. Меѓу нив се:

2013–2014: Дизајн и имплементација на информациски систем за менаџмент на знаење во ФАМИС – Битола.

2014–2015: Дизајн и имплементација на информациски систем во ФИКТ – Битола.

2018–2021: Активно учество во проектот EMPLOYOUTH (Creating Employment Opportunities of Young Graduates in the CB Area), дел од INTERREG ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.

2018–2022: Финансиски менаџер на проектот CROSS4ALL (Cross-border initiative for integrated health and social services promoting safe ageing, early prevention and independent living for all), исто така под INTERREG ИПА програмата.

2021–2024: Проектен менаџер на проектот Renaissance – Агробизнис иновации: патека до одржлив економски развој, во рамки на истата програма за прекугранична соработка.

2024: Вклучен во проектот European University Alliance COLOURS (Collaborative, innovative, sustainable, Regional Universities), поддржан од Европската комисија.