Сектори
Сектори
АПРЗ функционира на целата територија на Република Македонија, во 30 градови, групирани во осум региони со Дирекција во Битола и 44 дисперзирани канцеларии во руралните средини. Функционирањето на АПРЗ претставува севкупен систем, кој што во себе опфаќа повеќе организациски единици кои што меѓусебно се поврзани и заедно делуваат кон реализација на Програмата за работа и општите цели на АПРЗ.
Сектор за административно правни – општи работи и човечки ресурси
Сектор за административно правни – општи работи и човечки ресурси со две одделенија и тоа:
- Одделение за административно правни и општи работи;
- Одделение за управување со човечки ресурси
Сектор за финансиски прашања
Сектор за финансиски прашања со две одделенија и тоа:
- Одделение за сметководство и плаќање;
- Одделение за буџетска контрола;
Сектор за на земјоделството и рурален развој
Сектор за на земјоделството и рурален развој, со девет одделенија и тоа:
- Одделение за план, анализа и ЕУ проекти;
- Одделение за Пелагониски регион со седиште во Битола, со пет работни единици во: Битола, Крушево, Ресен, Прилеп и Демир Хисар;
- Одделение за Југозападен регион со седиште во Охрид, со пет работни единици во : Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод;
- Одделение за Полошки регион со седиште во Тетово, со две работни единици во: Тетово и Гостивар;
- Одделение за Скопски регион со седиште во Скопје, со една работна единица во: Скопје;
- Одделение за Североисточен регион со седиште во Куманово, со три работни единици во: Куманово, Крива Паланка и Кратово;
- Одделение за Источен регион со седиште во Штип, со шест работни единици во: Штип, Пробиштип, Виница, Кочани, Берово и Делчево;
- Одделение за Југоисточен регион со седиште во Струмица, со четири работни единици во: Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија;
- Одделение за Вардарски регион со седиште во Кавадарци, со четири работни единици во : Кавадарци, Велес, Неготино и Свети Николе .
Од функционален аспект, а заради вршење на определени конкретизирани специјализирани активности формирани се 8 координативни групи:
Координативна група за поледелство
Координативна група за сточарство
Координативна група за лозарство и овоштарство
Координативна група за градинарство
Координативна група за агроекономија
Координативна група за рурален развој
Координативна група за МАС медиуми и
Координативна група за родова еднаквост