Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со отворени денови

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството денеска се обрати до земјолдеците најавувајќи им едномесечни отворени денови од 13 август до 13 септември.

          Игор Златков од Агенцијата истакна дека земјоделците ќе бидат запознаени до ИПАРД1 програмата и одредени мерки за набавка на земјоделска механизација.

          Националната програма започна од 1 јуни а ќе трае до 31 август и во неа може да аплицираат заинтересираните земјоделски стопанства кои се занимаваат со житни индустриски и фуражни култури.

          Златков додаде дека и за ИПАРД 2 ќе ги информираат земјоделците како и за мерката 112 Млад земјоделец од Националната програма на Владата.

          Според Агенцијата интересот бил енормно зголемен во однос на минатата година.Во 2014 за малд земјоделец аплицирале 30 земјделци наспроти 132 апликанти годинава.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна