Активности во есен за пченицата

          Пченицата е најважната поледелска култура, која се користи во мелничката, прехранбената индустрија, како надомест на јачменот во индустријата за пиво, како добиточна храна (цело зрно, отпадоци при мелење), како носечка култура (потпора во производството на крмни култури). Во земјоделското производство најважни видови пченица се:

          • обична или мека пченица (озимна и јара (пролетна)) форма, и
          • тврда пченица

          Најзастапена е озимната форма, која се сее во есен, која подобро поднесува ниски температури, нејзината вегетацијата трае подолго, но остварува поголеми приноси.

          ПОЧВЕНО-КЛИМАТСКИ УСЛОВИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ

          За пченицата најдобро одговара почва која е длабока, плодна, обезбедена со хранливи материи во достапна форма, умерено влажна, оцедна, со слабо кисела до неутрална реакција, чиста од плевели. Пченицата не поднесува тешки, збиени почви, многу лесни и песокливи почви, како ни почви со висока содржина на хумус, во кој случај полегнува и страда од болести. Најпогодни се црноземи, алувијални, смолници, плодни делувијални и сл.

          За пченицата најдобро одговара континетална клима. Најповолна температура за `ртење и никнење е 14-20⁰С, при што никнува за 5-7 дена. На температура од 7-8⁰С никнува за 17-20 дена, а при пониски температури `ртењето и никнењето се успоруваат. Кога има 2-3 листа, ако е добро вкоренета и исхранета, може да поднеси до -20⁰С, а кога е покриена со снежна покривка издржува и пониски температури.

          ПЛОДОРЕД

          Одгледувањето во монокултура негативно се одразува на приносот од пченица од следните причини: заразување на површината со плевели, болести, штетници, како и еднострано користење на хранливите материи. Најдобри предкултури за пченицата се легуминозните (грав, грашак, граорица, соја) и окопните култури (компир, бостан, пченка и сл). Треба да се внимава на времето на прибирање на претходната култура, за да може површината за пченица навреме да се припреми.

          Целосниот текст можете да го прегледате на линкот во прилог.

          👉 Активности во есен за пченицата.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна