Болести кај гравот
Гравот (Phaseolus Vulgaris) е една од поважните култури во исхраната на човекот затоа што има многу голема содржина на лесно сварливи растителни протеини, аминокиселини, витамини А, Е, Ц, јаглехидрати,минерали и др. При добри услови на одгледување, гравот е меѓу најлесните и најисплатливите летни градинарски култури за одгледување. Меѓутоа за да се обезбеди навремено и обемно производство од оваа култура градинарите треба да се во можност да ги идентификуваат сите опасности кој би го намалиле приносот.
Треба да се обрне особено внимание на развој од болести и појава на некој штетници или лоши практики кој ги користат земјоделците, а се штетни по правилниот раст и развој на ова градинарско растение. Исто така битни ефекти за развојот на ова растение се правилен избор на почвата како и сончевата светлина,количината на вода и др.
Како и секое друго растение, така и гравот e подложен на појава на некој болести и штетници. Постојат некој превентивни правила и доколку истите наврремено се превземат тогаш ризикот од појава на овие болести е многу помал.