Едукативна кампања за користење на пестициди и вештачки ѓубрива

          Согласно заклучок од седница на Владата на Република Македонија, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството подготви годишен план за едукација на земјоделците за правилно користење на пестициди и вештачки ѓубрива.

          За реализација на годишниот план за 2014 година се вклучени 81 советодавач по специјалности и тоа: поледелство, лозарство, овоштарство, градинарство, сточарство и агроекономија. За таа цел се подготвени презентации и брошури за правилно користење на пестициди, вештачки ѓубрива и правилна употреба на лични заштитини средства при користење на пестициди и други хемикалии за заштита на растенијата, кои на едукативните средби ќе им бидат презентирани и поделени на земјоделците.

          На национално ниво, според годишниот план, планирано е да се опфатат 1.102 населени места преку информирање на 16.383 земјоделски стопанства.

          Реализацијата на планот започна на први декември 2013 година и со предвидената динамика се реализира ширум Републиката.

          Исто така, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во наведениот период започна со едукативна кампања за земјоделците за правилна употреба на лични заштитни средства при користење на пестициди и други хемикалии за заштита на растенијата.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна