Заштита на пченката од земјишни штетници

          Доколку пченката доаѓа на разорани ледини, или по стрни жита на потешки и повлажни почви, често се јавуваат телените црви кои го оштетуваат коренот и  подземното стебло на пченката. Нападнатите растенија венеат и се сушат. Телените црви лесно се препознаваат. Тоа се тенки издолжени црви  со темно жолта боја, или боја на ,рѓа, потсетуваат на парче тенок тел, по што и го добиле името.

          Штом се забележи, штотуку изникнатите растенија на пченката да венеат и се сушат, треба внимателно да се разгрне почвата и ако се најдат телени црви,  треба да се пријде кон сузбивање на истите.

          Често на нивите посеани со пченка се јавува пченкина совица. Тоа е опасен штетник, така штоларвата од совицата ги оштетуваат лисјата, а кога ќе се развијат се спуштаат на почвата и го дупчаат подземното стебло, растението почнува да венее и да се суши а при мал допир или на посилен ветер растенијата се кршат. Ако внимателно ги набљудуваме искршените растенија, се гледа оштетување од ларвата, а со внимателен преглед можеме да наиде на совици, иако тие се хранат, главно, ноќе.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна