Заштита од полжави

          Полжавите можат да направат значителни штети по растителните посеви, особено во подрачја со голема влажност, покрај реки и потоци, покрај шумски појаси, во пластеници и стакленици.

          Штетите воглавно ги прават полжавите без заштитни куќички или познати како голи полжави. Тие се хранат со грицкање на сочните лисја од младите растенија во расадот од зеленчук или подоцна со лисја од салата, зелка, спанак и т. н. Ги напаѓаат сите градинарски растенија , освен кромидот и лукот. Покрај директните штети со грицкање на лисјата, полжавите на нив оставаат траги од лигава-слузава материја која ја лачат во текот на развојот.

          За нормален развој на полжавите потребна е оптимална температура од 12 – 220С, и умерена влажност на почвата од 20 –  40%. Ниската влажност претставува опасност за

          нивниот развој и доаѓа до угинување.

          Полжавите се уништуваат со превземање на интегрални мерки за заштита, кои подразбираат отстранување на поволните услови за појава и развој, препреки од прашкасти материи кои причинуваат дехидрирање(пепел, вар ), кои се распрашуват околу растението и служат за уништување на полжавите. Овие материи ја одземаат влажноста од полжавите. Најдобро делуваат кога е суво. На патот на движењето на полжавите или околу растението може да се употреби и минерално губриво. Тоа има исто дејство како пепел или вар. Поставените остри лимени препреки по ивиците на леите, пластениците и стаклениците претставуваат одлични и трајни препреки за заштита од полжавите. Мамците за исхрана се користат да ги привлечат полжавите. Стари конзерви или пластични чаши укопани во почвата, а ивиците на предметите да бидат рамни со почвата и наполнети со пиво ги привлекуваат полжавите, кои влегуваат во нив и гинат.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна