Инфо денови за ИПАРД 2014-2020 ( Петровец,Сопиште,Пехчево,Берово )
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со Телото за управување со ИПАРД активно се вклучи во реализација на инфо деновите за ИПАРД 2014-2020. Според планот за публицитет планирани се 20 инфо денови кои ќе бидат организирани низ населените места во државата од октомври до ноември 2019. На средбите ќе бидат презентирани следните мерки:
- Мерка 1 – примарно земјоделско производство,
- Мерка 3 – преработка на земјоделски производи,
- Мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси
Советодавците од АПРЗ вршат информирање на заинтересираните баратели за можностите кои се нудат со програмата и бесплатна поддршка при подготовка на барањето.Барателот од советодавците исто така е информиран за потребната документација која треба да ја прибере, критериумите кои треба да ги исполнува, начинот на бодување за избор, како и за сите други потребни информации со кои се комплетира начинот на постапката за доставување на комплетирано барање до АФПЗРР.
За овој повик кој трае до 18 ноември 2019 во фокус е Мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Распоредот и програмата за инфо деновите е во прилог и тие се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020
👉 Распоред и програма за инфо денови
Во прилог е галерија од одржаните инфо денови