Калцификација на почвата

          Под калцификација на земјиштето се подразбира мерка која има за цел киселото земјиште да го претвори во слабо кисело и нормално. Ова се постигнува со внесување големи количини вар во почвата.
          Основните ѓубрива служат за исхрана на растенијата. Тие исто така служат и за изградба на почвата, за корекција на физичките, хемиските и биолошките особини. Кога основните ѓубрива се користат од таков вид и количина со кои целта е да се постигнат значајни квалитетни промени во особините и плодноста на почвата, такви кои трајно ќе дејствуваат, тогаш таквите ѓубрива добиваат мелиоративен карактер и во тој случај се зборува за мелиоративно ѓубрење. Мелиоративното ѓубрење се изведува на сиромашни нормални почви, како и на анормални почви. На сиромашни, нормални почви се изведува со цел да се обезбеди поголем фонд на хранливи материи, а на анормалните почви со цел да се поправат физичките, хемиските и биолошките својства на почвата.
          Од сите почви, црноземот се одликува со најдобри физички, хемиски и биолошки особини, затоа што адсорптивниот комплекс кај оваа почва е заситен со калциум јон. Кај почви каде адсорптивниот комплекс е заситен со водородни јони, реакцијата е кисела и тие јони деструктивно делуваат на почвата. Затоа на такви почви треба да се изврши калцификација, за да се спречат деструктивните процеси, за да може да се овозможи нормално одгледување на културните растенија и остварување на високи приноси.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна