Најчести работни обврски на пчеларникот за месеците април, мај и јуни

          Во април дневните температури се такви да овозможуваат масовно излегување на пчелите од сандаците. Многу од овошките и разни билки се веќе расцветани и пчелите масовно ги посетуваат па затоа дневниот прилив на нектар и полен е значително зголемен. Особено значаен е приливот на полен кој пчелите многу го трошат во овој месец заради богатото легло. Меѓутоа треба да се има во предвид дека во нашава земја кон крајот на април може да настапи дождлив период а и голем број од овошките прецутуваат и може да се случи пчелите да останат без доволен дневен прилив на нектар и полен. Заради тоа кон крајот на месецот треба да се прихрануваат пчелите со шеќерен сируп за матицата да не намали со несењето, но мора да се внимава да не дојде пчелното друштво во нагон за роење. Во овој месец треба да ги продолжиме работите од месец март а посебно оној дел што се однесува на брзиот развој на друштвата.

          Пашата може да биде доста богата во овој месец па може да се случи да се исполни целото плодиште со мед и полен па матицата да биде блокитана и да нема каде да полага јајца. Ако навреме не реагираме може да ни се случат низа несакани последици. Затоа ако кон крајот на месецот плодиштето е исполнето, пристапуваме кон проширување на просторот во кошницата со додавање на наставак или медиште. Навременото проширување на просторот во кошницата ќе ни овозмози навреме да го спречиме нагонот за роење и воедно ќе ги запослиме сите пчели работнички.

          Во април обично се најповолни условите за замена на старото и поцрнето саке и изградба на ново од сотни основи. Значи под поволни услови подразбираме: јаки пчелни семејства, голем број млади пчели, богата паша со голем прилив на поленов прав и нектар. Ако нема доволно нектар истиот може да се надокнади со додавање на шеќерен сируп но полен мора да има.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Најчести работни обврски на пчеларникот за месеците април, мај и јуни.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна