Објавени 5 јавни повици за финансиска поддршка обезбедена преку Програмата за рурален развој во 2022г

          АФПЗРР објави 5 јавни повици за финансиска поддршка обезбедена прекулого програмата за рурален развој. Јавните повици ќе траат од 20.04.2022 до 20.05.2022 година.

          Јавен повик 02-2022 е за поддршка на жените кои се носители на своите земјоделски стопанства. Максималната вредност на прифатливите трошоци изнесува 360.000 денари, а ќе се поддржат исклучиво инвестиции во набавка на опрема за постбербени активности и опрема за преработка. Поддршката е со доделување на неповратни финансиски средства во висина од 100% од инвестицијата.

          Линк до јавниот повик

          Јавен повик 03-2022 е за набавка на трактори. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање кое се движи од 50% – 75% зависно од тоа дали апликантот е на возраст до или над 40 години и согласно подрачјето каде што е предвидена инвестицијата. Максималната вредност на прифатливите трошоци по корисник изнесува 3.500.000 денари

          Линк до јавниот повик

          Јавен повик 04-2022 е за набавка на силоси. Со 50% – 75% од вкупната вредност на инвестицијата ќе бидат поддржани производители на житни култури кои во својот деловен план ќе предвидат набавка на силоси за складирање на житни и индустриски зрнести култури со максимален капацитет од 25 тони. Максималната вредност на прифатливи трошоци е 1.000.000 денари.

          Линк до јавниот повик

          Јавен повик 05-2022 е за финансиска поддршка за инвестиции во мандри. Оваа поддршка може да ја искористат сите сточари кои имаат минимум 150 овци или минимум 50 кози. Максималната вредност на инвестицијата може да биде 600.000 денари од кои 50% – 75% ќе бидат ко-финансирани.

          Линк до јавниот повик

          Јавен повик 06-2022 е за набавка на опрема за произбодствон тутун ќе се поддржат производителите на тутун со запишани производни капацитети во единствениот регистар на земјоделски стопанства. Максималната поддршка е во висина од 4.500.000 денари кои ќе бидат ко-финансирани од Агенцијата во висина од 50% – 75%.

          Линк до јавниот повик

          Сите заинтересирани апликанти можат да поднесат барање за финансиска поддршка преку системот за електронско аплицирање во АФПЗРР.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна