Одржан централен настан за претставување на програмите за поддршка на земјоделците

          Денес, на 15.03.2023 година, со почеток од 11 часот во хотел Белви во Скопје се одржа Централниот настан од заедничкото претставување на новите програми за поддршка на земјоделците.

          Настанот го отвори и свое излагање имаше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-динот Љупчо Николовски.

          На овој настан со заедничко учество на министерството и агенциите со цел презентирање, информирање и одговори на прашањата кои ги имаат земјоделците поврзани со новите мерки, беше учесник и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со свои претставници кои имаа активно учество.

          Главниот фокус на презентациите беа Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна и Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци.

          Во овој дел, свое излагање, претставување и појаснување на наведените програми имаше и заменик директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Борче Петковски, при што на присутните им ги појасни можностите, придобивките и критериумите за потенцијалните корисници на мерките од овие програми, а согласно донесените правилници кои ја уредуваат оваа проблематика.

          Инаку, денешната средба беше дел од серијата поголеми средби со земјоделците и сите заинтересирани страни за претставување на новите програми за 2023 година, кои се во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Increasing Market Employability – IME и Швајцарската Амбасада.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна