Презентација на резултати за адаптација на земјоделството кон климатските промени

          На 07.11.2014, во  Бизнис Салата на Скопски Саем, со почеток во 11:00 часот се одржа работилница во организација на Мрежата за рурален развој на Република Македонија во рамките на проектот „Адаптација на земјоделството кон климатските промени“, поддржан од УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој. На работилницата учествуваа и повеќе советодавци од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

          prezentacija1 prezentacijaРаботилницата беше одржана со цел, презентација на резултатите од имплементација на мерките за адаптација на земјоделските практики кон климатските промени во изминатите две години како и зголемување на свеста на земјоделските производители, но и на целокупната јавност за предизвиците и ефектите од климатските промени во земјоделскиот сектор во Република Македонија, а свои излагања покрај организаторите и учесниците во проектот имаа професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна