Примена на органско ѓубре(шталско ѓубре)

          Шталското ѓубре е мешавина од крутиот и течниот измет на домашните животни и простирката. Оваа мешавина на изметот и простирката подложна е после одредено време на разлагање, и настанува зрело(прегорено) арско ѓубре. Зрелото шталско ѓубре е сиромашно со леснорастворливи, а богато со тешко растворливи органски материи. Процесот на разградување на леснорастворливите органски материи не треба да биде потполн, туку треба да се прекине, тоа е обично после 2-3 месеци лежење на ѓубриштето во лето,  а 3-5 месеци во зима. Натамошното разлагање треба да се врши во почвата.

          Хемискиот состав  на шталското ѓубре е различен, што зависи од видот на стоката, нивната исхрана, од видот на простирката и од начинот на спремање.

          Со разградување, внесената органска материја делимично се минерализира, а се синтетизираат и нови органски материи-хумусни материи. Хумусот е особено значаен за почвата, бидејќи влијае на целата динамика и на сите особини на почвата. Со внесувањето на органските материи се подобруваат физичките, биолошките и хемиските особини. Хумусот е значаен во почвата бидеќи влијае на примање и задржување на водата, на структурата, на водниот, воздушниот и топлотниот режим.

          Количината на шталско ѓубре која се употребува зависи од расположивите количини, од особините на почвата и климата, од квалитетот на ѓубрето и потребите на културата. Количините на нанесено шталско ѓубре не смее да ги премине границите одредени  од земјоделски аспект и од аспект на заштита на животната средина. Количината на ѓубре треба да биде точно утврдена во зависност од хемискиот состав на ѓубрето, од содржината на азот и фосфор и интензитетот на нивното искористување, при што вкупното количество на азот што се користи со шталското ѓубре или животинската урина не би требало да надмине 210 кг/ха годишно.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна