Сорти на малина

          Малината е џбунесто растение со низок раст од фамилијата ружи. Таа е многу ценето овошје, пред сè заради нејзините сочни и вкусни плодови, но и заради нејзиниот лист кој се користи за чај од некои заболувања или состојби на човечкиот организам. Последните години во нашата земја сè почесто се засадува, бидејќи претставува и доста профитабилен бизнис.

          Пред да се започне со подигнување на рентабилен насад од малинки, покрај познавањето и информирањето за природните услови при кои малината успева, потребно е добро да се информираме и околу сортите на малини и да ја одбереме најсоодветната сорта за дадените природни услови.

          Постојат две групи на малини: малини кои плодоносат во лето и малини кои плодоносат во есен. 

          Во однос на бојата, има четири видови на малини:

          1. Црвена малина – освен европската црвена малина постои и америчка црвена малина која што има посветло црвена боја и полутопчеста форма на плодот и за разлика од европската е поотпорна на мразеви.
          2. Црна малина – таа е повеќегодишна, а плодот е со црна боја со полутопчеста форма.
          3. Пурпурна малина – настаната со вкрстување на црната и црвената малина и се одликува со голема плодност.
          4. Жолта малина – најслична е со црвената малина, но поради помала количина на антоцијанин, бојата на плодот е жолта. Успева на земјиште со голем процент на органска материја и на места под 800м надморска височина.

          Целосниот текст можете да го прегледате на линкот во прилог.

          👉 Сорти на малина.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна