Студеното време негативно ќе се одрази врз лозовите и овошните насади
Студеното време и ниските температури кои веќе подолг период се под нулата негативно ќе се одразат врз земјоделското производство. Експертите велат, негативни последици ќе има кај лозовите и овошните насади, но и во градинарството, пред се кај пластеничкото производство. Најпогодени од поларниот студ ќе бидат културите кои веќе подолг период се засадени на постојано место.