Традиционално или шталско одгледување, асав или праменка?

          Овчарските стопанства во Р.Македонија често пати ја менувале производствената насока во правец млеко-месо, или месо-млеко, во зависност од моменталните пазарни услови и предности на одредени овчи производи.

          Кога цената на овчото млеко е примамлива,  се фаворизира производствената насока млеко-месо, преку мелезење на домашната праменка, со внесување на крв од млечните раси аваси, цигаја или хиос.

          Кога цената на јагнешкото месо е примамлива  се фаворизира производствената насока месо-млеко-волна, преку мелезење на домашната праменка, со внесување на крв од германска домашна овца-винтерберг.

          И во едниот и во другиот случај, шталскиот начин на одгледување на чисти увозни раси, како можност, бил запоставуван.

          Преку мелезење на домашната праменка само делумно се подобрени производствените особини на овците, но начинот на одгледување останувал  пасишно шталски, со доминантни белези од традиционалниот начин на одгледување.

          Последните години во рамничарските предели се јавува недостаток на простор за напасување на овците, па интензивното овчарско производство на млечни раси во чисто шталски услови на одгледување се наметнува како императив.

          Добрите земјоделски стопанства ја нотираа оваа неопходност и извршија увоз на млечна раса овци-асав одгледувана во чисто шталски услови, со обезбедени предуслови (сместувачки капацитети, карантин, испуст, машинско молзење, правилна исхрана, складирање и изѓубрување).

          Преку  споредбена анализа ќе се обидеме да укажеме на дел од можностите, предностите, недостатоците или ризиците од примената на едниот или другиот начин на одгледување на овци.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна