Улогата на овошјето во исхраната

          Овошјето, според видовите, во различни меѓусебни односи ги содржи трите вида материи: градивни, енергетски и заштитни. Поради тоа, овие прехранбени продукти – овошните плодови, не само што се одлична храна, туку се и неопходни. По својот хемиски состав, кој е многу варијабилен и на кој човечкиот организам најмногу се прилагодил, овошјето врши и многу значајна диетопрофилактичка и диетотерапевтска улога. Тоа значи дека оваа храна обезбедува нормално растење и развиток, ја јакне одбранбената сила на организмот и ги спречува појавите на морбидитет, односно придонесува како фактори кои влијаат за излекување на многу болести, а мошне влијае за побрзо и поуспешно закрепнување по некои прележани болести. Ако правилната исхрана се смета како средство за побрзо лекување, тогаш ова корисно влијание на храната може да му се препише на овошјето.

          Овошјето е особено значајно како извор на заштитни материи без кои не може да се замисли животот, здравјето и развитокот, како и работната способност. Потоа, овошјето преку органските киселини и преку минералните соли е најефикасниот регулатор на pН реакцијата на крвта, која изнесува 7,2 и без кое организмот би бил изложен на неподносливи физиолошки нарушувања. Овошјето е извор на гликоза која доаѓа непосредно во крвта и брзо го зкрепнува човечкиот организам, отстранувајќи го чуството на нормалниот замор и со што се овозможува да се одржува количеството шеќер во крвта на константно ниво (80-120 мг/100 гр крв). Плодовите често влијаат како лаксативно средство (сливата). Овошјето е корисно како храна и по тоа што ги отстранува ендотоксините од човечкиот организам создадени во процесот на нормалниот метаболизам, додека некои продукти од анимално потекло придонесуваат за зголемување на таквите состојки во организмот. Она што го карактеризира животот на цивилизираниот човек на нашето време, е драстичното намалување на енергетските потреби на човечкиот организам, предизвикани од сѐ поголемото користење на техниката во сообраќајот, на работното место, па и во домаќинството.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна