Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

          Во Велес се одржа дводневен Форум на кој претставниците од Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе разговараа за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и можностите за подобрување на условите за користење на средствата во наредниот програмски период.

          Самиот Форум се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

          Советодавците од АПРЗ на форумот укажаа дека континуирано вршат информирање на заинтересираните баратели за можностите кои се нудат со програмата и бесплатна поддршка при подготовка на барањето. Барателот од советодавците исто така е информиран за потребната документација која треба да ја прибере, критериумите кои треба да ги исполнува, начинот на бодување за избор, како и за сите други потребни информации со кои се комплетира начинот на постапката за доставување на комплетирано барање до АФПЗРР.

          Моментално за ИПАРД Програмата се искористени 19 милиони евра, оваа година се очекува да се искористат дополнителни 8,7 милиони евра. Една од најпопуларните мерки од ИПАРД Програмата 2014-2020 е мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ чиј повик е моментално отворен и трае до 18 ноември 2019 година и која вкупно на располагање за реализација на инвестиции има 16,6 милиони евра.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна