Јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

          Од 29.12.2021 до 27 јануари 2022 година земјоделците ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка на систем капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода. 

          Максималната сума која може да ја земе поединечно секое земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник.

          Со овие средства може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема (филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати.

          Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот а во висина 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените и прифатливи трошоци за инвестиции. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програмата за рурален развој.

          Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР. Краен рок за доставување на е барања е 27 јануари 2022 година.

          Еден одговор на Јавен повик за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површински води

          1. Здраво,

            Одличен проект, но сум го пропуштила рокот, ве молам совет дали ќе имате повторно ваков проект, би сакала да аплицирам ми треба токму ова.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна