15 Октомври – Меѓународен ден на жената од рурална средина
По повод меѓународниот ден на жената од руралната средина беше организиран настан од Националната федерација на фармери со поддршка на шведската организација за развој We Effect на кој што учествуваше и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Пеце Стојковски.
На настанот присуствуваа и се обратија претседателката на државата проф.д-р Гордана Сиљановска – Давкова, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери.
Беше одржана трибина на тема:,,Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус”, каде што се дискутираа предизвиците и можностите за економско зајакнување на жените во руралните средини и подигнување на свеста за нивна клучна улога во локалните заедници и општеството.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството како и досега секогаш ќе им стои на располагање на руралните жени во давање на стручна помош и совети при подготовка на барањата за финансиска подршка на активности спроведувани од жени носители на ЗС.