Одржан Семинар за „Идна надградба на Системот за идентификација на земјишни парцели во состав на Интегрираниот систем за администрирање и контрола“ 09.04.2014 година

          На 09.04.2014 година се одржа Семинар за „Идна надградба на Системот за идентификација на земјишни парцели во состав на Интегрираниот систем за администрирање и контрола“ во х.Александар Палас во Скопје на која учествуваше и претставник од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

          Имено, главната цел на проектот е да се придонесе за развојот на земјоделскиот сектор во земјата преку институционално градење на  административните капацитети за земјоделство и имлементација на политиките за руралниот развој. Исто така, цел е да се зајакнат националните и регионалните способности кои се потребни за да се справиме со приоритетите за пристапување кон ЕУ и пазарно-ориентираните реформи и развој во овој сектор, со посебен акцент на понатамошна надградба на системот за идентификација на земјишни парцели (ЛПИС) во рамки на Интегрираниот административен и контролен систем (ИАКС).

          LPISПроектот беше започнат во средината на 2009 година и до крајот на 2011 година се одржаа обуки за операторите кои што работеа на системот и тоа од Министерство за земјоделство и шумарство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и ЈП Македонски Шуми, а исто така целата активност беше покриена со медиумска кампања. Понатамошната надградба на ЛПИС системот продолжи од 2013 до 2014 година, кога се поставија дополнителни просторни податоци во самиот софтвер. Во 2013 година ЛПИС системот за прв пат во Р. Македонија започна да се користи како поддршка на годишните барања за субвенции.

          Приоритетните резултати кои се постигнати со системот се следниве:

          • Развиени се технички спецификации за дополнителни просторни податоци како што се планинските пасишта, водните површини и пејсажните карактеристики;
          • Технички спецификации за ажурирање на постојните ЛПИС податоци во однос на вкрстена сообразност и рурален развој;
          • Нови просторни податоци за сите планински пасишта во земјата -корисничка и за водните површини во рамките на сите земјоделски области што биле дигитализирани и вградени во ЛПИС – софтверот;
          • Дефинирани и имплементирани се дополнителни функционалности на ЛПИС –  софтверот во врска со новите просторни податоци;
          • Спроведена беше обука за користење на ЛПИС – софтверот во контролата на директни плаќања, проценка на ЛПИС квалитет, и употребата на нови просторни податоци;
          • Беше имплементирана медиумска кампања за промоција на користењето на ЛПИС (2013 беше првата година кога земјата – корисник го користеше ЛПИС – софтверот како поддршка за аплицирање на земјоделците за субвенции).

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна