Демонстративен опит на Пиперка (куртовска капија)

          Како дел од работните задачи и обврски на АПРЗ е и поставувањето на демонстративниот опит. Во почетокот на месец јули, беше поставен демонстративен опит на површина од  близу 9 декари во сопственост на Благоја Ѓоргиевски, основач на Земјоделската задруга ДКК ФУДС од с. Кукуречани Битола. Демонстративниот опит се состоеше во комбинирање на редовната заштита на пиперот со употреба на нов природен, еколошки, минерален препарат од групата на зеолит кој што е нов на пазарот – Зеофит форте.

          Аплицирањето на препаратот се одвиваше фолијарно. Опитот стартуваше во почетокот на месец јули, веднаш штом растението ја постигна минималната потребна лисна маса за да може препаратот да се аплицира и тоа да биде ефикасно. Третирањето се повтори уште 4 пати во интервали помеѓу прскањата од 10 – 15 дена, зависно од временските услови. Препаратот содржи 35% калциум и 5% магнезиум, елементи кои што имаат многу голема улога во растот и развојот на растенијата. Со оглед на тоа што калциумот е елемент кој што е многу тешко подвижен, потребно е редовното аплицирање на калциум во текот на целата вегетација, што всушност беше и овој демонстративен опит.

          Со оглед на тоа што демонстративниот опит е во завршна фаза, денеска на терен беа излезени советниците и директорот на АПРЗ, сопственикот на парцелата на која се одвиваше опитот,  претставници од СТРМОШ Пробиштип кои што се производители на овој препарат и со чија што соработка се постави овај опит, како и претставници од повеќе медиуми. Позитивните резултати кои што се добија при овој демонстративен опит се повеќе од евидентни. Растенијата се здрави и поотпорни према болестите и штетниците, со што се намали и аплицирањето на пестициди при редовната заштита, приносот е зголемен, вегетацискиот период е скратен, а плодот е здрав и крупен. Многу е битно што трулежот на плодовите е сведен на минимум, со што се зголемува економската вредност на пиперката.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна