Карактеристики на маслиновото дрво

          Маслиновото дрво (Olea europaea L.) припаѓа на класата Magnoliopsida, фамилија на растенијата Oleaceae, која има 30 рода и 180 вида, а припаѓа на родот Olea L., вид: Olea europaea L. – маслинка.

          Маслиновото дрво (Olea europaea L.) цвета во април и мај, а плодот се бере во октомври и ноември. Претставува зимзелено дрво, со сребренозелени листови, тенки гранки и мали, бели, миризливи цветови, кои даваат многу полен. Стеблото може да порасне од 3 m, па до 15 – 20 m височина, а дава плод наречен маслинка која созрева постепено. Поради трошоците на современиот начин на одгледување и берење, како и поради добрите земјоделски практики на кроење, ниските форми (со висина од 4 до 5 метри) се популарни за фармерите во повеќето земји каде што се одгледува маслинката.

          Маслиновото дрво е долговечно, може да живее стотици години, достигнува старост и повеќе од 1 000 години. Едно од објаснувањата за оваа долговечност на маслиновите дрва е неговата карактеристична способност да даваат изданоци и адвентивни пупки, кои многу ги има во долниот дел од стеблото. Кореновиот систем на дрвото обично се шири хоризонтално. Самото дрво е отпорно на неповолни услови и се приспособува кон сите видови почви (па дури и кон сиромашните почви кои што не можат да се користат за други култури). Исто така, може да толерира суша и нетретирање со ѓубрива, подобро отколку повеќето други овошни култури.

          Целосниот текст можете да го прегледате на линкот во прилог.

          👉 Карактеристики на маслиновото дрво.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна