Генерално собрание на Мрежата за советодавни услуги во Југоисточна Европа – SEASN

          Во периодот од 28-30 октомври се одржа Генерално собрание на Мрежата за советодавни услуги во Југоисточна Европа – SEASN, каде што АПРЗ е членка од самото формирање на мрежата.

          На собранието се разгледуваше годишната програма, финансиските трошоци за тековната година и се утврдија нацрт активности за наредната година.

          Мрежата во изминатиот период го реализира проектот i2Connect кој е дел од програмата HORIZON 2020. Проектот i2Connect е насочен кон поттикнување на интерактивни иновативни процеси кои мобилизираат различни актери како што се земјоделци, советници, истражувачи, бизниси, невладини организации итн., кои ги здружуваат своите знаења, вештини и искуство за да се справат со заеднички проблем за кој тие бараат решение.

          Во интерактивните иновации, земјоделците, практичарите или крајните корисници како експерти ја споделуваат моќта и одговорноста и активно придонесуваат за влијание врз процесот, што доведува до заедничка сопственост на резултатот.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна