Oтворени дисперзирани канцеларии на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Општина Новаци и Општина Могила.

          На ден 18.10.2024 свечено беа отворени дисперзирани канцеларии на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Општина Новаци и Општина Могила.

          Канцелариите свечено ги отвори Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Пеце Стојковски кој истакнаа дека на овој начин земјоделците навремено ќе можат да бидат информирани од страна на советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството за актуелните владини мерки и програми во земјоделскиот сектор.

          Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, м-р Пеце Стојковски на присутните земјоделци им порача да ги користат советодавните услуги кои ги нуди Агенцијата, се со цел максимално искористување на мерките за финансиска поддршка кои што ги предлага Владата на Република Македонија.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна