Отворена дисперзирана канцеларија во Oпштина Росоман

          На барање на земјоделците денес 08.11.2024 година беше отворена дисперзирана канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Општина Росоман.

          Дисперзираната канцеларија ја отвори директорот на Агенцијата  м-р  Пеце Стојковски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Директорот истакна дека советниците на АПРЗ секогаш ќе им бидат на располагање на земјоделците  по потреба и директно при извршување на потребните работни операции на парцела, со давање стручна помош при изведување на најнови технологии за постигнување на повисоки и квалитетни приноси.

          На овој начин земјоделците навремено ќе бидат информирани за актуелните владини мерки и програми во земјоделскиот сектор од страна на советниците на АПРЗ и ги повика почитуваните земјоделци од општина Росоман максимално да ги користат советодавните услуги кои ги овозможува Агенцијата, дисперзираната  канцеларијата ќе биде опслужувана заедно со вработените од Министерството за земјоделство шумарство и водостапанство.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна