Примена на хемиски мерки во овошните насади во фаза на мирување

          Една од поважните мерки во овошните насади која има за цел подготовка на растението за следната година е фолијарната прихрана на овошките, која се применува сè до почетокот на зимското мирување. Во текот на вегетацијата, поради растот и развојот на плодовите, лисната и дрвенеста маса, се намалува значителна количина на макро и микро  елементи во почвата.

           

          Поради тоа, потребно е на растенијата да им се обезбедат достапни макро и микро елементи кои брзо ќе ги усвојат и ќе ги складираат во своите органи за наредната вегетација. Пред опаѓањето на лисјата, овошката ги повлекува сите хранливи материи во своите дрвенести органи и кореновиот систем.

          Пред да започне повлекувањето на соковите во растението, потребно е да се направи едно фолијарно ѓубрење. Со ова есенско третирање после берба, се зголемува потенцијалот на растението, а со тоа количината и квалитетот на приносот за следната година. Се препорачува примена на ѓубрива кои содржат азот, фосфор, калиум, цинк и бор.

          До крајот на октомври може да се направат две фолијарни третирања, а од ноември може да се започне со употреба на арско ѓубре и минерално ѓубре околу стеблото. Најдобро е арското и минералното ѓубре да се заораат.

          Целосниот текст можете да го прегледате на линкот во прилог.

          👉 Примена на хемиски мерки во овошните насади во фаза на мирување.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна