АПРЗ во борба против глодарите

          Во изминатиот период во одредени региони во Република Македонија утврдена беше масовна појава на глодари од типот на Полска волохарица, која може да редизвика штети на житните култури во повеќе фази и градинарските култури на нива, пред сé на пиперката, кромидот, зелката, компирот и фуражните култури како луцерката и индустриската култура тутунот.

          Со цел сузбивање на појавата на овој штетник, се изврши навремено известување до Владата на република Македонија, која ги ангажираше Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство, Земјоделскиот инспекторат, Фитосанитарната управа, Земјоделскиот институт, Агенцијата за храна и ветеринарство и се разбира Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со цел да се формираат комисии за утврдување на состојбите, последиците и понатамошните постапки.

          Формираните комисии веднаш излегоа на терен и извршија увид. Од увидот кој беше направен се констатира дека главните жаришта беа во луцерките и стрништата, од каде потоа ги правеа штетите во останатите култури.

          После увидот од комисиите беа дадени информации до МЗШВ и Владата, од каде постапуваќи по Заклучокот на Владата на Република Македонија за сузбивање на полските глодари во земјоделските посеви и насади, се реализираа едукативни трибини за земјоделците со локација во местата кои беа најзагрозени.

          Притоа земјоделците беа запознаени со активностите и мерките кои што ги презема државата за надминување на овој проблем и се одржа научна презентација за глодарот „полска волухарица“ кој е причинител на штетите во земјоделските посеви и насади со осврт на биологијата на глодарите, причините заради кои дошло до појава на нивен каламитет (пренамноженост), како и за агротехничките и хемиските мерки кои што помагаат за негово сузбивање.

          Во текот на едукативните средби, присутните земјоделци зедоа активно учество на трибините преку дискусија со прашања до членовите на работните групи, барајќи совети за надминување на проблемот. Притоа се се констатираше дека оваа година најмногу штети претрпеле градинарските култури и тутунот.

          Во рамките на трибините, на земјоделците им беше укажано дека е особено важно во наредниот период да се следи бројноста на популацијата со примена на едноставни методи (користење на канти со вода), но и строго да се внимава со употреба на отровите за нивно сузбивање, за да се избегнат појави на несакани труења на топлокрвните животни и човекот.

          Во наредниот период ќе следи хемиската заштита која ќе отпочни после првите слани, кога глодарите ќе се спремаат за презимување. Во тек е постапка на избор на фирма која ќе ја изврши заштитата.

          Повеќе за заштита на стрните жита и луцерката од штетни глодари тука.

          Горанчо Томевски

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна