Внатрешно уредување на објект за чување на кози или овци

          Внатрешното уредување на објектот за одгледување на кози или овци пред се зависи од правецот на производство, истовремено и од расата која се одгледува.

          Во повеќето важни фактори спаѓаат:

          • големината на боксовите,
          • групите,
          • хранидбениот простор,
          • јаслите,
          • систем на вентилација,
          • прозори,
          • таваница,
          • вештачко осветлување,
          • вештачка вентилација,
          • изѓубрување,
          • чистење на шталата и др.

          Пред да се отпочне со градба на објект треба да се разгледаат неколку законски прописи и правилници кои ја регулираат оваа област:

          • Закон за Сточарство,
          • Закон за Води,
          • Закон за благосостојба на животните,
          • Листа на посебни минимални услови за Добра Земјоделска и Хигиенска Пракса (ДЗХП)
          • Регулатива за Легализација на објекти за помошна намена во земјоделството, Акт за градба, Градежна дозвола и др.
          • Регулатива за Легализација т.е Регистрација на земјоделска механизација.

          Најдобро е доколку лицата кои имаат намера или желба за отпочнување, адаптација или доградба на објекти за одгледување на добиток да се обратат до вработените во Подрачните канцеларии на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството од каде ќе добијат точни и навремени информации за нивните потреби.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна