Демонстративен опит подигање на овошен насад

           Со цел практично да биде покажано и објаснeто на земјоделците како да се подигне овоштарник кој што ќе ги задоволува европските стандарди и при тоа ќе се следат правилата за спроведување на добра земјоделска и хигиенска пракса, советниците од АПРЗ во дворното место на Регионалниот центар во Битола, подигнаа демонстративно опитен овоштарник.

          Во првата фаза од поставувањето на демонстративниот опит, што воедно е и дел од работните задачи и обврски на АПРЗ, се изврши припрема на теренот за садење. Првично површината беше истретирана со тотален хербицид со цел да се уништат плевелите. 30 дена после третирањето со тоталниот хербицид, се пристапи кон длабоко орање на површината (50см). Бидејќи парцелата не беше обработувана, 20 дена после првото орање, се изврши и второ длабоко орање. Непосредно пред самото садење на садниците, се пристапи кон тањирање на површината, со цел да се израмни и да се иситни почвата.

          Во втората фаза, непосредно пред самото садење на садниците, се направи план за распоредот на различните видови овошки, па се направи бележење и исколчување на површината. За правење на дупките беше искористен сврдел за трактор.

          Третата фаза претставуваше самиот чин на садење. Советниците од повеќе работни единици на АПРЗ учествуваа во садењето на садниците. Беа заседени повеќе овошни видови и сорти, карактеристични за одредени делови од територијата на Македонија: охридска цреша, јапонско јаболко, калинка, лешник, јаболко, слива, круша, праска, кајсија, орев…Меѓу другото, овој опитен демонстративен овоштарник ќе покаже и кои овошни видови може да се одгледуваат на битолскиот регион.

          При садењето се изврши и потхранување на почвата со органско ѓубриво ЕКОФЕРТ.

          Во тек е поставување на софистициран систем за наводнување капка по капка и фертилизатор, кој што понатаму ќе послужи за наводнување и истовремено прихранување на овошките со течно и кристално ѓубриво.

          Во понатамоишниот период, агрономите од АПРЗ ќе го следат насадот и ќе се применуваат современи агротехнички и помотехнички мерки, со цел обезбедување нормален раст и развој на овошките.

          Производителите на овошје во овој регион во секое време ќе имаат можност практично да се едуцираат за примената на потребните мерки од секоја фаза на развојот на растението.

          Изготвил: АПРЗ РЦ Битола

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна