Интегрална заштита во градинарството

          Денес во светот се користат три начини на заштита на растенијата:

          • Конвенционален – обично се користат хемиски средства,
          • Интегрален – хемиските средства се употребуваат само ако е тоа неопходно бидејки не помага ниту една друга метода,
          • Биолошки или еколошки метод – која не дозволува употреба на хемиски средства па дури и употреба на минерални губрива.

          Интегралната заштита претставува систем на заштита на растенијата кој подразбира користење на сите расположливи методи за уништување на штетниците, причинители на болести и плевели. Со неконтролирана употреба на пестициди и минерални губрива , екосистемот е нарушен, пренамножени болести, заплевеност и т.н.

          Хемиските мерки не се исклучени од интегралната заштита, напротив тие се нејзин составен дел, но нивната примена е рационализирана –болестите и штетниците се одржуваат на прагот на штетноста.

          Целта на интегралната заштита или интегралното производство е да се овозможи добивање на високи, стабилни и квалитетни приноси, не интоксицирани производи, и да се овозможи зачувување на животната средина и одржување на корисните предатори – инсекти.

          Сега но и во иднина за заштита на растителното интегрално производство, проритетно место треба да заземе методот на интегрална заштита. Тоа ке се оствори само ако се врши континуирано следење на појавата на болести и штетни инсекти во текот на цела вегетација.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна