ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП КОН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

          Во кругот од 28 истражувачи од целиот свет, како единствен претставник од Р. Македонија од страна на Владата на Р. Индија и Министерството за Надворешни работи на Р.Индија, беше избрана М-р Биљана Матевска вработена во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството да работи и истражува во ТЕРИ Институтот за енергерски системи и обновливи енергетски извори на три локации во Р. Индија кои се во состав на ТЕРИ Универзитетот (Gual Pahari) и самиот институт во Њу Делхи.

          bile

          Истражувањата беа фокусирани за развој на чисти и иновативни технолошки решенија а целта беше да се одговори на потребите за енергија и заштита на животната средина, како и предизвиците поврзани со неа, особено на оние со кои се соочува светот во развој. За ова беше потребна тимска работа од сите истражувачи како и мултидисциплинарен приод, во сооднос со база на знаење стекнато преку развивање на соодветни решенија за различни апликации и кориснички групи. Употребена беше ГИС платформата за мапирање која се користеше за областа Gujarat како потенцијален извор на обновливи извори на енергија, се изврши сеопфатна студија за одредени прашања и нивна интеграција во самата платформа. Покрај дистрибуцијата на биомаса и bio-methanation системите, се работеше и на развојот на системите со кои се истражуваа можностите за децентрализирани апликации за руралните средини и нивна електрификација во областа Uttar Pradesh. Исто така, беа имплементирани нови соларни системи во областите Odisha и Madhya Pradesh. Истражувачите беа вклучени и во делот за развојот на биоразградливи полимери за бројни апликации каде што се опфати искористувањето на отпадните материи и водата, третман на отпадни води, како и спроведувањето на ефикасноста на ресурсите.

          Беше направен посебен пристап во делот за развивање на технологии за обновливите енергетски ресурси и нивните пазари. Ширењето на оваа технологија опфаќа различни области кои имаат варијации од мини хидроцентрали, обновливи хибридни системи,преносни фотоволтаици, ветерници и други нови технологии во Р. Индија. Во областа Mukteshwar – Himalayan center се работеше на мапирање на областа и интервјуирање на месното население во руралните области.

          Покрај претставникот од Македонија, учество зедоа и државите меѓу кои Русија, Кина, Јапонија, Кралството Бутан, Мијанмар, Виетнам, Перу, Венецуела, Ел Салвадор, Гватемала, Уганда, Еквадор, Естонија, Киргистан,Танзанија,Иран, Египет, и др.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна