Информативна сесија за Јавни Организации при подготовка за конзумирање на Инструментот за Претпристапна Асистенција од ЕУ
На 09.04.2014 година во просториите на дирекцијата на АПРЗ се одржа обука на дел од вработените во агенцијата на тема “Информативна сесија за Јавни Организации при подготовка за конзумирање на Инструментот за Претпристапна Асистенција од ЕУ “. Обуката ја спроведе предавачот Клаудија Лутовска.
На обуката, вработените се запознаа со начините за препознавање и пристапување на можностите по ИПА и други фондови,како до пристап од развојните потреби на институцијата до ЕУ фондовите. Детално им беше објаснета примената на техниките и методите во дефинирање на развојните прашања на институцијата и беа изведени вежби за користењето на секоја алатка.
Предавачот практично ги опиша чекорите за пополнување на формуларт за аплицирање на проекти. учесниците се стекнаа со нови знаења и вештини и сите покажаа интерес за организирање на обуки од ваков тип во иднина.