Информација за мерки од Интервентната програма

           

           Актуелните мерки за поддршка на земјоделското производството и производството на стратешките земјоделски култури во рамки на Интервентниот фонд се во вредност од 400 милиони денари. Земјоделците со овие интервентни мерки добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сончоглед и јачмен.

          • Од Интервентната програма мерката 2.3 Финансиска поддршка за одгледување на кокошки несилки.
            1. Рокот за контрола од официјален ветеринар (ветеринарен инспектор од АХВ) е од 7 до 15 април. Затоа, се информираат сите производители кои имаат регистрирани фарми за кокошки несилки за производство на конзумни јајца, дека согласно донесената мерка од Интервентната програма ќе добијат финансиска поддршка од 60 денари по кокошка која во овој период на контрола ја имаат на фармата. Потоа барањата ќе се поднесуваат до 30-ти април (краен рок за поднесување) каде секој со рачно пополнето барање или преку подрачна единица на МЗШВ или лично ќе го достави до АФПЗРР. За оваа мерка нема да има електронско барање и барањата ќе бидат рачно пополнети. По пријавување, во текот на мај ќе бидат исплаќани средствата.
          • Во мерката финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен и пченка – потребни документи
            1. Фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри или
            2. Фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура или Договор склучен помеѓу барателот и продавачот на ѓубре за начинот на плаќање на фактурата.
          • Во истата мерка е и сончогледот, но е издвоен бидејќи има разлика и се дава можност прво со договор за откупувач на сончоглед и тоа е основа во сите три варијанти, а во другите доколку не се плати, да може да се приложи и договор на одложено плаќање од продавачот на ѓубривото. Подолу ги имате сите три варијанти со услови.
            1. Договор за откуп на сончоглед склучен помеѓу барателот и откупувачот запишан во Регистарот на откупувачи кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, фактура со наведено одложено плаќање и испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри и Договор склучен помеѓу барателот и продавачот на ѓубре за начинот на плаќање на фактурата или
            2. Договор за откуп на сончоглед склучен помеѓу барателот и откупувачот запишан во Регистарот на откупувачи кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, фискална сметка со пропратен документ за идентификација за припадноста на фискалната сметка (сметкопотврда или испратница) каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри или
            3. Договор за откуп на сончоглед склучен помеѓу барателот и откупувачот запишан во Регистарот на откупувачи кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, фактура со испратница каде е назначен видот на вештачкото ѓубре и количината изразена во килограми/литри вклучително и доказ за извршено плаќање по фактура: уплатница или извод од банка.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна