Нега на домати во заштитен простор

          Доматите најдобро успеваат како рана пролетна култура, но исто така одлично успева  и  како  есенска  култура  во  заштитен  простор.

          Негата на посевот се состои од окопување,  прихранување, заштита од болести и штетници и наводнување. Во пластениците доматот се одгледува на едно стебло, при што неопходно е отстранување на заперците пред да достигнат должина од 5-7-см. Поткршување или отстранување на врвовите на растението, позитивно делува на големината на плодот. Обично под пластениците се отстранува врвот од четвртиот до петиот спрат на заметнати плодови.

          За постигнување на високи приноси и квалитетен производ, потребно е оптимално присуство на хранливи елементи. Количината на ѓубривата зависи од природната плодност на почвата. Арското ѓубриво ја подобрува структурата на почвата, содржи хранливи елементи и го активира микробиолошкиот процес во почвата. Минералните ѓубрива делуваат на раностасноста, и квалитетот на производот.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна