Посета на овошни насади с.Бистрица

          Почвените и климатските услови во с. Бистрица, Битола, овозможуваат одгледување на овошни култури, а со примена на современи техники и технологии се добиваат зголемени и поквалитетни приноси.

          Семејството на Стевче Манивиловски веќе неколку години се занимава со одгледување на овошни култури, односно, со производство на јаболко и круша. Имено, тие одгледуваат јаболко на површина од околу 1,5ха и круша на површина од околу 1,5ха.

          Јаболкото е застапено претежно со сортите: црвен делишес, мутцу и пинова, на подлога М26 и подлога М9, а крушите се застапени со сортите: Абате Фетел, Ајлонд, и Вилјамовка. Во третата година производството на јаболка изнесувало околу 35 тона, а на круша околу 5т. Семејството Маниловски при одгледувањето на овие култури, посветува големо внимание кон современата заштита и технологии на производство, притоа тие често посетуваат саеми и семинари во нашата држава и надвор од неа, трудејќи се да ги спроведат позитивните искуства и во своите овоштарници. Исто така, се советуваат со многу експерти од областа на земјоделството, како и со советниците од АПРЗ , како за заштитата на овошките така и во однос на искористувањето на поволностите кои што ги нуди Владата на Р. Македоннија преку МЗШВ преку програмите за рурален развој.  Така, преку овие владини мерки, семејството Манивиловски обезбедило градозаштитна мрежа за своите овошни насади и викаат дека тоа е една од најдобрите инвестиции кои што ја направиле, затоа што овие мрежи не само што ги штитат производите од град, туку и од други надворешни влијанија кои што делуваат негативно врз квалитетот на производот, а со тоа се зголемува и економската вредност на производот.

          Наводнувањето на овоштарниците се врши преку систем за наводнување капка по капка. И покрај овогодинашните проблеми со доводот на вода, кои што ги имаше хидро системот Стрежево,  Стевче Манивиловски вели дека биле навремено обезбедени со потребните количини на вода, така што наводнувањето се извршувало навремено и без никакви проблеми.

          Отвореноста према новитетите и другите позитивни искуства е евидентно на терен. При посетата на нивните овоштарници се забележува дека заштитата, како и обработката на почвата е безпрекорна и оваа реколта се очекува да биде со уште поголем квалитет и квантитет од претходната.

           Ана Велјановска

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна