Проценка на активноста на летот на пчелите

          Проценката на активноста на летот на пчелите е важна мерка во одредување на биолошката состојба внатре во самото пчелно друштво. Ова се темели на пчеларското искуство со тоа што  пчеларот  ја набљудува активноста на пчелите една до две минути, односно влегувањето и излегувањето на пчелите од сандукот – кошницзта. Затоа треба да се обрни  внимание на времето во денот и во кое годишно време се врши набљудувањето.

          Што можеме  да забележиме?

          –          Во текот на каснопролетни и летни сончеви  или облачни  денови доколку температурата на воздухот е помала од 200С  во пашниот период активноста на летот е интензивна тогаш имаме повеќе (од 100 влегувања и излегувања во минута) помегу 10 и 18 часа.

          –          Во текот на есенски , зимски и ранопролетни сончеви и облачни денови кога (температурата на  воздухот под сенка е од 12 до 18 0 С ) и во период кога нема паша, независно од годишното време активноста  на пчелите во летот  е намалена.

          –          Изразита намалена  активност на пчелите во лет  е ( помало  од 10 влегувања и излегувања  во минута ) во горе наведените месеци  и денови (точка 1 и точка 2)

          Укажува на  следното ;

          –          Угинување на друштвото,

          –          Болно и слабо друштво,

          –          Здраво ама  слабо друштво,

          –          Здрав нуклеус

          Во време на врнежливо, ветровито,снежно или ладно време со ( температура пониска од 120 С ) неможе да се види активност на пчелите.

          Нормалната активност  на пчелите  не смее да се замени со грабежот , а со набљудуваље не му го менувајте  правецот на летот  на пчелите.

          Може  да се каже дека  проценката на летот на пчелите е важна  мерка во современото т.е  комерцијалното пчеларство бидеќи со тоа се намалува честото отварање на сандуците кое многу влије на нормалниот развој на пчелното друштво.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна