Расадување и нега на раноградинарски култури под пластеници

          Расадување на расадот:
          Пред расадувањето се врши заштита на расадот со полевање, со некоj од фунгицидите за влажна дезинфекција. Пред расадувањето се врши браздење или копање на дупки во кои внимателно се поставува расадот. При расадувањето се внимава да не дојде до растурање на супстратот околу кореновиот систем, без притискање на почвата и без загрлување, односно додавње на почва, туку поставување на исто ниво на површината на почвата од расадот од саксијата со површината на почвата во пластеникот. На овој начин се постигнува подобро затоплување на кореновиот систем и речиси 100% прифатеност, така што нема потреба од пресадување.
          И понатаму во текот на вегетацијата ако се применува прашење на растенијата, треба да се избегнува нагрлување на растенијата
          Микронаводнување и фертиригација:
          Наводнувањето е најдобро да се врши преку систем “капка по капка“ од повеке причини, кои во повеке наврати се објаснувани и веке ширум се прифатени од производителите. Но, пожелно е првото наводнување да се направи со црево заради поквалитетно наводнување, односсно спојување на супстратот на коренот со околната почва. Одржувањето на оптимален полски воден капацитет е во зависност од видот на раноградинарската култура.
          За прихрана се користат губрива според препораките од анализата на почвата и фенофазата на развој на растенијата. Најдобро е да се врши прихранување со кристални губрива кои се 100% растворливи во вода. Содржат основни елементи NPK, различни микроелементи и биостимуланти. Различни комбинации на состав се користат за различни развојни фази. Се употребуваат при секое наводнување со поделба на неделната доза. Освен кристалните, за прихранување се користат и фолијарни губрива преку листот.
          Наводнувањето и исхраната да не се вршат според некоја однапред утврдене шема, туку според климатските услови и потребите на растенијата. Во услови на облачно време, растенијата немаат потреба од често наводнување и губрење како во услови на сончево и топло време.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна