Септемвриските дождови сериозно им се закануваат на пролетните култури

          Септемвриските дождови кои беа три пати пообилно од просечните, сериозно им се закануваат на пролетните култури, дека нема навреме да бидат собрани и родот ќе скапува во нивите. Единствено, ожнеаните површини со житни култури што се изорани, имаат поволни услови за есенска сеидба.

          – Ние имаме врнежи од 90, 8 л/ м2, додека просекот во последните години во Република Македонија за месец септември изнесува 38, 5 л/ м2. Значи, имаме некаде три пати повеќе врнежи од дожд само во еден месец. Овде не застанува проблемот на земјоделците, проблем е тоа што во октомври се очекуваат над 50 литри на м/2 дожд на територијата на Република Македонија, што ќе го отежни собирањето на земјоделските култури – рече Игор Златков, директор на АПРЗ.

          Пелагониските земјоделци, кои се најголеми производители на храна во Македонија, се жалат дека сончогледот е полегнат во нивите, за пиперките можностите за берба и откуп се се помали, дека пченката од влагата може да муфлоса, а кај тутунарите, најквалитетниот тутун да остане на нивите, со потфрлување на приносите.

          – Голем дел од сончогледот не е собран и ако продолжат врнежите и во октомври месец како што беа во септември, тешко дека ќе се собере и ќе се случи исто како во минатата година. Лани иимав несобран сончоглед на 12 ха- рече Васко Атанасовски, земјоделец од с. Гермијан.
          – Денеска врни и условите не се за берење, но најповеќе ни скапа пиперката заради неорганизираниот откуп- рече Драги Ројковски, земјоделец од с. Крклино.

          Стручњаците од Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделското производство, сериозно предупредуваат на глобалните климатски промени. Нивна препорака за земјоделците е да набавуваат нови семенски материјали со пократок рок на вегетација и навремено применување на агротехничките мерки. Голем предизвик во наредните два дена во Пелагонија ќе бидат очекуваните врнежи од над 80 л/м2. Меѓутоа, од Координационото тело смируваат дека сите оштетени насипи на Црна и на каналската мрежа се санирани и дека најавениот воден бран нема да предизвика поплави.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна