Со навремена заштита од црешовата мува до здрави плодови ( Rhagoletis cerasi )

          Црешовата мува е најзначаен штетник на црешата и редовно се јавува секоја година, но освен црешата ја напага и вишната, која предизвикува црвливост на плодовите и го намалува квалитетот. Таа се јавува како пораснат инсект од средината на мај па се до крајот на јуни.

          Овој штетник презимува во стадиум на кукла  во површинскиот слој од почвата и нејзината преобразба во мува  зависи од температурата и влагата на почвата.

          Штом температурата на почвата ке порасне  на 10 C 0 куклата се преобразува во одрасната мува. Разликата во времето на излегување на мувата може да биде некаде од 10 до 30 дена. Штотуку излезените муви од куклите се хранат со слатки сокови,потоа оплодената женка ги полага јајцата во плодовите на црешата. Полагањето на јајцата трае некаде две до три недели, но за да го препознаеме одраснатиот инсект тој има сјајно црна боја со карактеристичен троаглест,жолто портокалов штит.

          На полузрелите плодови јајцата ги положува и притоа остануват на надворешната страна на плодот, мали и тешко забележливи дамки. Околу 6-10 дена од положените јајца излегуват гасеници кои навлегуват подлабоко во плодот на црешата до самата коска. Развојот на ларвата зависи од самата зрелост на плодот, што заначи ако плодот е позрел, тогаш ларвата побрзо се развива, а самиот развој трае од 14-35 дена. Со самото созревање на плодот, ларвата својот развој го завршува, го напушта плодот и пага на земјата се преобразува во кукла и така презимува.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна