Дополнителен рок од 15 дена за поднесување на барања по ИПАРД 2 програмата за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“

          Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заради новонастанатата состојба со вирусот „КОВИД 19 “ ги информира сите фармери и претпријатија од агро – секторот дека за 15 дена го продолжува рокот за поднесување на апликации за користење на средства од ИПАРД 2 Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“.

          Целта на продолжувањето е да им се излезе во пресрет на сите земјоделци и стопанствениците се со цел да достават комплетни и квалитетни апликации. Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на заинтересираните да ги приберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата.

          Новиот рок за доставување на барања за ИПАРД 2 Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е до крај на април поточно до 29 – ти април 2020 година.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна