ИПА Програма на Европската Унија – Помош во транзиција и инстутуционална надградба

          Оваа земја доби статус на кандидат за членство во Европската Унија во Декември 2005 година и стана погодна за прет-пристапна помош преку Инструментите за Прет-пристапна помош (ИПА) на Регулатаивата на Советот бр.1085/2006 усвоена на 17 Јули 2006 година. Моменталниот статус на земја кандидат, со можност за членство во ЕУ, за земјоделскиот сектор ја носи можноста за пристап до ЕУ фондовите преку Инструментите за Прет-пристапна Помош за Рурален Развој (ИПАРД), Компонента V од ИПА. Донесувањето на институционална и оперативна рамка, како и капацитет, во согласност со барањата на ЕУ е задолжително, со цел пристапување до овие фондови. Воедно, сличен капацитет мора да биде развиен и за ефективно управување со после пристапната помош за секторот.

          Воспоставувањето на Интегриран Систем за Администрирање и Контрола (ИСАК) е еден од најзначајните среднорочни приоритети во интегративниот просец на ЕУ за земјоделство; ова е одразено во Пристапното Партнерство помеѓу земјата и ЕУ, и е дефинирано во рамките на хоризонталниот дел на прашања во Дел 11 на Националниот План за Усвојување на Европското Законодавство, кое се однесува на Земјоделството и Руралниот Развој.

          Целосното функционирање на системот ќе обезбеди ефективни механизми за поддршка, засновани на реалните потреби и проблеми на земјоделскиот сектор. Интеграцијата и компатибилноста помеѓу различните бази на податоци и регистри ќе ги направи погодни земјоделските апликации за програмите за поддршка и ќе обезбеди корисни податоци за формулацијата на политиките и бизнис секторот.

          Една од најзначајните компоненти на ИСАК е Системот за Идентификација на Земјишни Парцели (СИЗП), кој претставува систем за идентификација на парцелите на земјоделците користејќи го Географскиот Информативен Систем (ГИС). Овие референтни парцели се утврдени врз основа на воздушни фотографии или сателитски снимки, документи за регистрација на земјиште и консултации со земјоделци. Секоја референтна парцела е единствено идентификувана и се користи како основа за управување со земјоделските апликации за субвенции.

          Првите чекори во процесот на воспоставување на СИЗП се веќе превземени од страна на националните институции. Внатрешниот капацитет во состав на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство беше зајакнат и беше подготвен стратегиски план кој ги содржи потребите на проектот.

          Првичните чекори кон воспоставување на СИЗП во согласност со ЕУ се веќе спроведени:

          • Производство на дигитални ортофотографии, набавка на софтвер и опрема, како и првично производство на податоци (од средината на 2009 – до крајот на 2010);
          • Национално проширување на воспоставените активности на СИЗП (од средината на 2011 – до средината на 2013) вклучувајчи ги првично активностите како на пример, консулатции со земјоделци заради идентификација на користењето на ГИС на нивните земјоделски површини;
          • Целосно спроведување на СИЗП во ИСАК и воведување на агро-еколошки активности за усогласување (2013 па натаму), што всушност ја претставува и целта на проектот финансиран од Европската Унија.

          Главната цел на проектот е да придонесе за развој на земјоделскиот сектор во земјата преку институционална надградба на административните капацитети за спроведување на политиката за земјоделство и рурален развој. Особено, проектот ќе ги зајакне националните и регионални капацитети потребни за постигнување на приоритетите за пристапување кон ЕУ, како и пазарно ориентираните реформи и развојот на секторот со посебен акцент на развој на идната надградба на СИЗП во составот на ИСАК.

          Проектот се состои од 4 очекувани резултати:
          Интеграција, идна надградба и ажурирање на СИЗП
          Ќе биде подготвена методологија за интеграција на дополнителни слоеви на просторни податоци во СИЗП.

          Овие слоеви на податоци покрај останатото би ги вклучиле: планинските пасишта, пејсажните карактеристики, својствата на водата и шумарството. СИЗП ќе биде надграден во согласност со барањата на ЕУ за вкрстена усогласеност и рурален развој, а спроведен ќе биде и пилот тест за квалитетот на СИЗП.

          Обезбедување на заеднички дефинирана IT платформа со конзистентност низ оперативните процеси
          Постоечкиот софтвер на СИЗП ќе биде целосно функционален и надграден со ново-интегрирани податоци, за редовно одржување и за контрола на квалитетот и постапките за гарантирање на неговиот квалитетот. Проектот ќе го поддржи развојот на софтверот и ќе ги тестита новите функционалности.

          Понатамошен развој и зајакнување на капацитетите со човечки ресурси за управување со СИЗП
          Ќе биде спроведена обука за вработените во МЗШВ и АФПЗРР. Обуката ќе опфати теми како што се: новите слоеви на просторни податоци, дополнителни барања за вкрстена усогласеност и рурален развој, новите функционалности на софтверот, како и одржување на СИЗП и гаранција за неговиот квалитет.
          Зајакнување на ефективната соработка и размена на информациипомеѓу различните институции во составот на СИЗП

          Значајно е што СИЗП се користи како алатка за контрола на земјоделските апликации за субвенции. Проектот ќе го анализиравоспоставениот систем за контрола во Агенцијата за Финансиска Поддршка на Земјоделството и Руралниот Развој и ќе ја поддржи интеграцијата на СИЗП во процесот на доделување субвенции.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна