Наместо од око, земјоделците нивите ќе ги ѓубрат со помош на компјутер

          Наместо од око, земјоделците нивите ќе ги ѓубрат со помош на компјутер. Ова е само една од новите онлајн алатки кои ќе бидат изработени, во склоп на проект кој ќе го работи Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ :
          „Целта на проектот ни е да развиеме дигитални ресусрси, кои ќе можат да ги користат земјоделците во понатамошната работа“, објасни Зоран Здравев, координатор на проектот.
          Проектот, УГД ќе го реализира во соработка со Земјоделскиот факулет од Пловдив :
          „Заедно со колегите од Македонија ќе им дадеме можност на фармерите од двете страни на границата да имаат достапни електронски алатки, со кои ќе имаат увид во загадувањето на почвата.“, вели изјава Димитар Греков, Ректор на Аграрен универзитет – Пловдив.
          Но, и со поддршка на Медитеранскиот институт од Ханиа на Крит :
          „Ние ќе ги соединиме вештините, искуството и знаењето за да создадеме унифицирани сертификати во земјоделството, кои се повеќе од потребни“, објасни Јанис Ливиератос, координатор на студии на Медитеранскиот институт – Ханиа.
          Освен изработка на онлајн алатки, во склоп на проектот ќе бидат организирани и четири курсеви наменети за правилна употреба на ѓубривата во прозводството, како и за органско производство.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна