Одгледување на Модар патлиџан (Solanum Melongena)

          Модриот патлиџан ( црн патлиџан ) припаѓа на фамилијата Solanaceae. Се смета дека потекнува од  Индија.  Бројните арапски и африкански имиња за ова растение говорат дека во раниот среден век Арапите почнале да го одгледуваат на медитеранот.  Често се одгледува како мек или полутврд  годишен плод  во подрачја со умерени клими. Тоа е едногодишно растение со добро развиен коренов систем и со изразен централен корен. Има разгрането стебло со висина од  40 см до 1,5м.  

          Листовите се крупни што зависи од бујноста на растението, а цветовите се со виолетова боја со 5 лобуси венчиња и жолти прашници. Од прецветувањето до оплодувањето поминуваат 20 дена, а од никнување до првата берба 120 денови. Зависно од сортата плодовите може да бидат со вилетова до нијанса на црна боја со големина до 30 см со јајцевидна форма, сјаен со мазна површина, со бело месо и месна текстура. Истиот содржи мали меки ситни семиња горчливи по вкус бидејки содржат  никотиноидни алкалоиди. Плодот се бере во технолошка зрелост.  Старите плодови кој се меки и овенати не се за употреба бидејќи го содржат алкалоидот соланин кој предизвикува проблеми со варење на храната.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Одгледување на Модар патлиџан ( Solanum Melongena )

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна