Јаболкова крвава вошка (Eriosoma lanigerum Hausm)

          Јаболковата крвава вошка ( Eriosoma lanigerum ) спаѓа во економски значајни штетници. Во последните години представува се поголем проблем кај јаболковите насади, особено во интензивните насади а помалку во помалите и запоставени  овоштарници. На зголемувањето на нејзината популација  влијаат интензивното оплодување, климатските услови предизвикани од климатските промени, чувствителноста на подлогота и сортите, како и негативното влијание на инсектицидите врз природниот неријател, осичката  Aphelinus  mali. 

          За растот на популацијата  придонесуваат методите на примена со помала потрошувачка на прскање по единица површина, што може да резултира со послаб ефект на применетите инсектициди.

          Имагата на крвавата вошка кај јаболкото имаат црвено-кафеава до виолетова боја. Тие се покриени со густа восочна обвивка под која телото е скоро невидливо. Живеат во колонии и лесно се препознаваат по белата превлака. Ако облогата се притисне со прст, може да се види црвена леплива течност по која го добила своето име. Облогата настанува од специјализирани жлезди лоцирани во стомакот.  Може да се каже дека е монофагна бидејќи се наоѓа главно на јаболка.  Ретко може  да се најде на дуња   (Cydonia oblonga ), а понекогаш на глог ( Crataegus ) и мушмула ( Cotoneaster ). Овој вид е анхолоцикличен – ларвите презимуваат  на стеблото во пукнатините и рак-раните  (без презимување на јајца ). Ларвите на крвавата вошка минуваат низ четири фази на развој. Тие можат да издржат многу ниски температури до -27˚С.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Јаболкова крвава вошка (Eriosoma lanigerum Hausm)

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна