Основна обработка на почвата

          Основна обработка на почвата се врши со цел да се припреми ораничниот слој за културата која ќе се одгледува на дадената површина. Со основната обработка почвата се ситни, се дроби, почвата се разровкува, се продлабочува ораничниот слој, се создаваат поволни услови за пристап на воздух, вода, топлина, хранливи материи и др. Се врши заорување на растетилните остатоци со цел истите побрзо да се разложат и како еден вид органска материја да ја збогатат почвата. Со основната обработка исто така се врши и заорување на органските и минералните ѓубрива кои во овој период се внесуваат во ораничниот слој, се  со цел да се раложат на хранливи материи кои ќе бидат достапни за културите кои ќе се засеат и ќе овозможат нивни понатамошен нормален развој и развиток. Со основната обработка се уништуваат добар дел од плевелите и се спречува прекумерно губење на влагата од почвата. Со оваа обработка се враќаат и подобруваат добрите особини кои почвата ги изгубила со претходниот посев, се подобруваат физичките својства и биолошките процеси.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна