Берба кај јаболката

          Берењето на овошјето е последна и многу важна работа во овоштарското производство и од него многу зависи и успехот на овоштарското стопанисување.Тоа претставува и крај и награда на овоштарот кој преку целата година вложувал толку работа и толку материјални средства.

          Успехот во извршувањето на бербата е зависен од неколку претпоставки:

          -Утврдувањето на оптималниот степен на зрелост

          -Внимателноста при бербата

          -Погодноста на помошниот инвентар

          -Организација на работењето

          Успешна берба на јаболка претставува исклучително деликатна работа, при што се настојува зголемување на продуктивноста на работата, паралелно со зголемено внимание, да се чуваат плодовите од оштетување. На продуктивноста на работењето треба посебно да се внимава поради тоа што бербата е работа на која отпаѓаат просечно 40-50% од сите трошоци на работењето.

          Организацијата на бербата започнува со проценката на приносите која се врши 60 дена по прецутувањето. Во текот на август, се врши уште една проценка, заради корекција на првата. Ваквите проценки се потребни заради обезбедување и набавка на амбалажа, работна сила, утврдување времето на берба, обезбедување на транспортни средства и складишен простор и продажба на плодовите.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна